ЈСП

Јавниот превоз во Скопје функционира редовно, штрајкувачите одлучија да се повлечат

11.07.2023 10:36

Сите автобуси се во сообраќај. Синдикатот „Спајс“ побара усогласување на минималната плата со колективниот договор на ниво на работодавач, односно зголемување за 2.170 денари за вработените...

Јавниот превоз во Скопје функционира редовно и покрај тоа што помала група вработени утринава штрајкуваа пред дирекцијата на претпријатието, но, потоа одлучија да се повлечат.

Сите автобуси се во сообраќај. Синдикатот „Спајс“ побара усогласување на минималната плата со колективниот договор на ниво на работодавач, односно зголемување за 2.170 денари за вработените.

Според ЈСП, причината за штрајкот е нелегитимна.