НБА

Во новата сезона ќе има Куп на НБА

11.07.2023 11:18

Мечевите треба да почнат на 3 ноември, а финалето на фајналфор-турнирот во Лас Вегас е предвиден да се игра на 9 декември...

Кошаркарската НБА-лига изјави за својот инаугуративен турнир во сезоната. Купот на НБА, кој ќе има награден фонд од околу 18 милиони долари, објави агенцијата „Асошиејтед прес“ (АП). Мечевите треба да почнат на 3 ноември, а финалето на фајналфор-турнирот во Лас Вегас е предвиден да се игра на 9 декември.

Наградите на турнирот за играчите со стандардни договори ќе бидат по 500.000 долари за оние од победничкиот тим, по 200.000 долари за второпласираните, по 100.000 долари за поразените во полуфиналињата и по 50.000 долари за оние од тимовите што ќе загубат во четврт-финалето. Сите натпревари од Купот на НБА, освен финалето, ќе се сметаат за пласманот во регуларната сезона, во која секој тим ќе одигра по 82 меча.