Донирајте за помош на настраданите од поплавите!

19.05.2014 11:06

Граѓаните ја покажаа хуманоста на дело...

Помош за настраданите во поплавите, стигнува од целиот свет. „Благодариме Македоци“, наслов на голем дел од дневниот печат во Србија.

Македонија одговори, граѓаните ја покажаа хуманоста на дело. Собрани се повеќе од 60 литри вода, дваесетина тони храна, млеко, средства за лична хигиена... Масовно се донира во сите градови од земјава.

Доколку сакате да донирате хуманитарна помош за настраданите во поплавите, донациите може да ги однесете во Црвениот Крст или да се јавите на телефонот 143 400 на сите мобилни оператори.

Кризата и опасноста од поплавите во регионот сеуште не е завршена, и се очекува нов бран поплави, па затоа на настраданите во поплавите им е потребна помош.