Пет тони храна, вода, облека од жителите на Аеродром за Србија и БиХ
19.05.2014 11:13
Жителите на Општина Аеродром во текот на вчерашниот ден покажаа несебична хуманост донирајќи над 5 тони храна, вода, облека и хигиенски средства во хуманитарната акција за помош на Србија и Босна и Херцеговина, поточно на нивните општини чии жители претрпеа огромни штети во поплавите.
Акцијата продолжува и денеска во соработка со Црвениот крст на Република Македонија, така што граѓаните кои сакаат да донираат помош тоа можат да го сторат на влезот на општинската зграда, соопштуваат од општината.

Од Црвениот крст апелираат граѓаните кои сакаат да се вклучат во акцијата можат да донираат само конзервирана храна, вода и хигиенски средства, но не и облека.