Различни толкувања за притворите на Јанакиевски
По ставот на Кривичниот суд во Скопје, дека притворот на Миле Јанакиески му е засметан во затворската казна за „Титаник“, дел од стручната јавност оценува – треба да се земат предвид и притворите од други постапки. Пресумцијата на невиност мора да се почитува, а кога има двојби се решава во полза на обвинетиот, смета универзитетскиот професор Гордан Калајџиев...

Не стивнуваат реакциите за упатувањето на екс-министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески во Идризово. Стручната фела контра одлуката на Судот тој да се упати во казнена установа со оглед дека против него сè уште има активни процеси и за пресметувањето на притворот во затворската казна.
Кога имаме двојба, решаваме во полза на обвинетиот-вели професорот Гордан Калајџиев кој се спротивстави на одењето на Јанакиески во затвор.
Не сме веќе во некој минати времиња каде државата беше пред граѓанинот, објаснува професорот Калајџиев. Според него, реформите се надеж дека нешто ќе се смени на подобро, а тоа е моментот кога државава ќе влезе во сериозен скрининг и отворање на поглавјата за членство во Европската унија.
Истите ставови на Калајџиев поддржани и од дел од академската фела. Академик Камбовски посочува дека е недозволено калкулирање со веќе изречени казни за други дела во првостепена постапка, затоа што тоа значи прејудицирање на конечната и правосилна судска пресуда за тие дела.
Екс-министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески беше упатен на издржување затворска казна за предметот „Титаник“.
Миле Ристески
