Врховен суд

Надомест на штета од 5.000 денари за секој минат ден во притвор на Верушевски

11.07.2023 18:55

Ваквата одлука донесе Врховниот суд по тужбата од Верушевски со барање за надомест на штета за неоснованото лишување од слобода и за нарушени углед и чест...

Државата, на Зоран Верушевски треба да му исплати по пет илјади денари за секој од 344-те дена минати во притвор во 2015 година за предметот „Пуч“. Ваквата одлука донесе Врховниот суд по тужбата од Верушевски со барање за надомест на штета за неоснованото лишување од слобода и за нарушени углед и чест. Верушевски ќе добие 1,7 милиони денари. Судот оценил дека има погрешна примена на материјалното право од пониските судови. Обвинението против Верушевски беше одбиено.