Министерот за правда забележа неажурност на Судскиот совет
Од Министерството велат дека во извештај по извршена посета на 1-ви февруари се констатирани нарушувања на угледот на судиската функција, навреди и омаловажувања кон вработени од в.д претседателот, како и злоупотреби при распределбата на предмети...

Судскиот совет пет месеци не презема мерки за утврдување одговорност и за санкционирање на в.д. претседателот на Основниот суд во Куманово за злоупотреби на АКМИС системот, алармира Министерството за правда. Оттаму велат дека во извештај по извршена посета на 1-ви февруари се констатирани нарушувања на угледот на судиската функција, навреди и омаловажувања кон вработени од в.д претседателот, како и злоупотреби при распределбата на предмети.
Министерот во април побарал да се преземат мерки, но не добил одговор, па Лога повторно реагирал во јуни. Тој го повика Советот да постапи зашто се намалува довербата во правосудството.
