Временска прогноза

Сончево и многу топло со температура над 40 степени

12.07.2023 08:26

Минималната температура ќе се движи во интервал од 12 до 23 степени Целзиусови, а максималната од 28 до 40...

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се движи во интервал од 12 до 23 степени Целзиусови, а максималната од 28 до 40. УВ-индексот ќе изнесува десет, информираат од УХМР.

Во Скопје времето ќе биде сончево и многу топло со слаб ветер од променлив правец.

Под влијание на топол бран, од УХМР велат дека следува период на стабилно и многу топло време со дневни температури во поголемиот дел од земјава над 35 степени, а утринските во Скопје и во јужните делови нема да се спуштаат под 20 степени.