Уставен

Уставен суд денеска ќе ја одржи 27-та седница

12.07.2023 09:04

Уставниот суд ќе ја одржи 27-та седница денес, со дневен ред на кој се предвидени пет иницијативи за оценување на уставност и законитост, две барања за заштита на слободи и права и еден предлог за решавање судир на надлежност...

Уставниот суд ќе ја одржи 27-та седница денес, со дневен ред на кој се предвидени пет иницијативи за оценување на уставност и законитост, две барања за заштита на слободи и права и еден предлог за решавање судир на надлежност.

Информираат дека предметот во кој како подносител за заштита на слободи и права се јавува новинарот Влатко Стојановски во врска со настани од 27 април 2017 година е предвиден за гласање.

На 2 седница на 18 јануари 2023 година, во текот на советувањето и гласањето на судиите го усогласија ставот дека со пресудите на Основниот граѓански суд Скопје и на Апелациониот суд е направена повреда на неговите права, но Уставниот суд немаше мнозинство гласови (најмалку 5 гласа „за“), за сите точки кои го сочинуваат конечниот предлог, а се однесуваат на правната судбина на двете пресуди. Денеска повторно е ставен на гласање.