Реал и по 19 години ја чека деветата шампионска ѕвездичка

Макаби нов кошаркарски првак на Европа

19.05.2014 11:56

Макаби е новиот европски клупски кошаркарски првак. Шестата европска титула израелскиот гигант ја освои синоќа со триумфот над Реал Мадрид од 98-86 по продолжение, во финалето на завршниот турнир на Евролигата во Милано. Во регуларно време мечот заврши нерешено 73-73.

Речиси десетина илјади фанови специјално допатувани од Светата земја беа сведоци на изненадувачкиот успех на Макаби, прв шампионски по оној во 2005. Реал и натаму е најтрофејниот европски клуб со осум титули, но деветтата ја чека уште од 1995. Втора година по ред „кралскиот клуб“ се сопна на последното скалило. Лани во финалето загуби од Олимпијакос.

Американецот со црногорски пасош Тајрис Рајс постигна 21 од вкупно 26 поени во четвртата четвртина и во дополнителните пет минути, поведувајќи го својот тим кон победа. Ова беше прво финале на елитната европска кошаркарска конкуренција по 1969 во коешто се играше продолжение.

Реал водеше со 26-16 на средина од вториот период, но дозволи ривалот да фати приклучок. На полувреме шпанскиот тим имаше предност од два разлика, по што „жолто-сините“ изедначија, а потоа и поведоа. Во финишот од средбата влегоа со предност и немаше да биде незаслужено да се радуваат уште по основното време, бидејќи на помалку од минута до крајот водеа со четири поени. Сепак Реал избори продолжение со слободните фрлања на Серхио Родригез и на Јоанис Бурусис.

Есктра времето му припадна на Макаби со 25-13. Родригез беше најдобар кај Реал со 21 поен, а Руди Фернандез придонесе со 15 коша и со осум скокови.

Во утешниот меч з атретото место, Барселона ја совлада ЦСКА со 93-78.