Резултатите по приговорите за државната матура денеска во училиштата
Резултатите по приговорите за државната матура, ќе се знаат денеска, ќе бидат објавени во училиштата. Увид во тестовите ќе имаат можност да направат утре, на закажан термин, само учениците...

Резултатите по приговорите за државната матура, ќе се знаат денеска, ќе бидат објавени во училиштата. Да закажат увид во тестот, матурантите мора да го сторат денеска во периодот од 12 до 15:30 минути. Увид во тестовите ќе имаат можност да направат утре, на закажан термин, само учениците. Во Испитниот центар пристигнале 686 приговори за државната матура. Најмногу има од медицинско училиште „д-р Панче Караѓозов“ од Скопје. Матурантите најмногу приговарале за англиски јазик и за македонски јазик.
Од Испитниот центар информираат дека има и паднати ученици. Откако ќе бидат објавени резултатите по приговори денес, ќе се знае точно колку матуранти по предмет не ги положиле, односно добиле негативна оценка.
Оние кои не ја положиле државната матура во јунскиот испитен рок можат до крајот на неделава да се пријават во училиштата за полагање во августовска испитна сесија. На денот на полагање од вкупниот број на матуранти кои пријавиле да полагаат државната матура во јунски испитен рок 3,14% биле отсутни.
Согласно правилникот за државна матура доколку кандидатите не се задоволни од позитивните оценки на државна матура можат да се пријават да преполагаат наредната учебна година за јунски испитен рок. Просечните оценки по предмет ќе бидат пресметани откако ќе заврши процесот на приговори и ќе има конечни резултати.
