Пожар во една од притворските простории на битолскиот затвор
Во текот на денов Управата за спроведување на санкции треба да излезе со подетални информации за пожарот што синоќа околу 19 и 30 часот избувнал во една од притворските простории на битолскиот затвор...

Во текот на денов Управата за спроведување на санкции треба да излезе со подетални информации за пожарот што синоќа околу 19 и 30 часот избувнал во една од притворските простории на битолскиот затвор.
Според првичните претпоставки не е исклучена можноста пожарот да бил подметнат. Нема повредени лица од притворените лица кој по овој настан се распоредуваат по други казнено поправни институции.
Лекарска помош им била само на неколку чувари кој вдишале поголеми количини чад и по укажаната прва помош не се во животна опасност. Од битолската Противпожарна единица велат дека по добиениот повик веднаш интервенирале.
