ДДВ

Владата го утврди Предлог-законот за измена и дополнување на Законот за ДДВ

12.07.2023 09:58

Се врши намалување на стапката од 18 на 5 проценти за менструалните производи. Од 5 на 10 проценти се зголемува стапката за прехранбени производи коишто не се дел од основните производи за човечка исхрана...

Владата утврди измени на законот за ДДВ. Се врши намалување на стапката од 18 на 5 проценти за менструалните производи. Од 5 на 10 проценти се зголемува стапката за прехранбени производи коишто не се дел од основните производи за човечка исхрана, а се укинува и повластената даночна стапката за пелетите.

Повторно е одложена примената на општата даночна стапка за продажба на недвижности. И покрај реакциите од Комората, утврден е Предлог-законот за данокот на солидарност. Ќе се воведе како еднократна, вонредна и привремена јавна давачка за оние кои лани имале приходи над 615 милиони денари. Целта правичност, еднаквост и пропорционалност, соопшти Владата.