Тенис

Притиска Ноле!

19.05.2014 11:59

Само на 650 бода се сведе разликата меѓу двете тениски величини бројот еден и два на планетава, Рафаел Надал(1) и Новак Ѓоковиќ(2). Разлика, која виси како притисок врз Надал, а мотивација за Ѓоковиќ во очи на третиот грен слем Роланд Гарос (25.05-8.06.2014).

Тежината ја чувствува шпанецот од проста причина, што земјената подлога ја смета како своја привилегија, особено француската на која во низ доминира од 2005-та наваму(2013). Но, факт е и тоа дека годинава црвената прашина  ”му застанува во грло“. Далеку е Рафа од сигурноста со која мелеше на црвеницата, заклучок кој се влече по мастерсите во Рим, Монте Карло, па и Мадрид.

Од друга страна пак, Новак се посигурен токму на оваа подлога, која условно му беше послабата страна.

Последните мастерс случувања од серијата 1000 во вечниот град, меѓу топ 10-ката ја донесоа единствена промена во името на Раониќ, чии настап во ½ финалето го искачи на најдобриот АТП ранкинг во кариерата, 9-ти.