Дестабилизација на теренот на планинското подрачје, причина за поплавите во тетовско
Децениското пустошење на шумата на Шара, дивоградбите, го дестабилизираа теренот на планинското подрачје, каде во случај на поројни дождови се почесто се случуваат ерозивни процесии и поплави од кои највеќе страдаат селата од пониските делови на Шара. Од Националниот парк Шар Планина, бараат поголема соработка со другите институции, за да сè се спречат девијантните појави на Шара, а со тоа да се заштитат селата...

Гола сеча, деградирани шуми, нерегулирани водотеци. Ваква е сликата на шарпланинскиот масив на повеќе места. Последиците се катастрофални.
Поплави и ерозии на земјата, која со себе носи, кал, камења и карпи кои се спуштаат во пониските Шарпланински села, како минатата недела кога Теарце и Непроштено беше затрупано и поплавено.
Од Националниот парк Шар Планина, велат дека со децении не се обрнува внимание на заштитната функција на шумата. Но и дивоградбите се рак-рана, кои го дестабилизираат теренот на планината.
И малите хидроцентрали, освен што имаат негативно влијание врз биодиверзитетот, тие се и голем ризик фактор во случај на поплави на Шара.
Во 2018 година со помош на УНПД се направи мапа на ризици за Шара, кои претставуваат потенцијална опасност за шарпланинските села. Дел од нив се реализираа преку изградба на инфраструктурни проекти, како тој во Шипковица, каде се изврши регулација на реката која поминува низ селото.
Од големи поплави и ерозии, минатата недела најпогодена беше Општина Теарце, каде имаше стотина поплавени домови и голема земјоделска површина. Јавните површини беа затрупани со кал и песок, кој се симна од Шара. Мештаните сè уште се справуваат со штетите од невремето.
Зоран Димовски
