Одложено судското рочиште за случајот Пендиков
Правниот застапник на обвинетиот побара на Спасески да му биде вратена патната исправа за да се лекува во странство доколку за тоа се јави потреба, додека адвокатот на Пендиков смета дека се работи за обиди за одложување на судскиот процес.

Одложено е судското рочиште за случајот Пендиков поради влошената здравствена состојба на обвинетиот Илија Спасески, првообвинет за претепување на Христијан Пендиков, секретар на поранешниот бугарски културен центар во Охрид.
Правниот застапник на обвинетиот побара на Спасески да му биде вратена патната исправа за да се лекува во странство доколку за тоа се јави потреба, додека адвокатот на Пендиков смета дека се работи за обиди за одложување на судскиот процес.
Пендиков изјави дека сè уште добива закани преку социјалните мрежи. Судското рочиште е одложено за 21-ви септември.
