Украина
Продолжуваат руските напади со беспилотни летала
12.07.2023 12:00
Не стивнува војната во Украина. Втор ден по ред руски напади со беспилотни летала, камикази врз Киев...

Не стивнува војната во Украина. Втор ден по ред руски напади со беспилотни летала, камикази врз Киев.
Системите за противвоздушна одбрана го одбија ударот, соопштија украинските власти. Русија, пак, извести за судири, вклучително и успешна одбрана на областите во близина на разурнатиот град Бахмут, каде Украина вели дека нејзините сили ги обновуваат своите позиции.
Украинската Државна гранична служба објави и видео-снимка на која се гледа како руски тенк е нападнат од украинско беспилотно летало во западниот дел на регионот Керсон.
