Истражните органи на терен во битолскиот затвор по синоќешниот пожар
По синоќешниот пожар во едно една од притворските простории денеска на терен се веќе истражните органи кој треба да утврдат дали пожарот бил случаен или подметнат. Од 18 притворени лица четворица се преместени во охридскиот затвор, а останатите 14 во затворот во Скопје...

По синоќешниот пожар кој изби во една од притворските простории на битолскиот затвор денеска се огласија и од Управата за спроведување на санкции. Првиот човек на установата вели истражните органи се веќе на терен за да утврдат дали пожарот избил случајно или бил подметнат од некој притворени. Симптоматично е тоа што се работи за реновиран дел од затворот со затворен систем на вентилација, а сите простории биле зачадени. Во тој момент имало 18 притвореници кој веќе се преместени во други казнено поправни установи.
По вклучувањето на системот за тревога веднаш била и повикана територијалната противпожарна единица која за кратко време го изгасила пожарот.
Во пожарот нема повредени притвореници. Лекарска помош им била укажана само на неколкумина чувари кои вдишале поголеми количини чад.
Се очекува експертскиот увид да покаже која е вистинската причина за избувнувањето на пожарот.
Стевче Митревски
