Судство

На Јанакиески да му се пресмета и времето минато во притвор, бараат неговите адвокати

12.07.2023 12:19

Додека се чека одговор од Кривичниот совет на скопска единица, дел од академската фела се изјасни дека нема пречки во пресудата на Јанакиески да му се пресметаат и годините минати во притвор...

На поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески да му се пресмета во ефективната затворска казна и времето минато во притвор, за делата кои се товари. Ова е барањето од адвокатите на Јанакиески упатено до Кривичниот совет на скопска единица. Нема ниту забрана, ниту пречка да се пресметаат притворите, коментира адвокатот Еленко Миланов.

Додека се чека одговор од Кривичниот совет на скопска единица, дел од академската фела се изјасни дека нема пречки во пресудата на Јанакиески да му се пресметаат и годините минати во притвор.

„Не треба да сме ситни души и треба да се гледаат правата на човекот“, коментираше за МТВ професорот Калајџиев.

Исто толкување имаше и академик Владо Камбовски. Според него е недозволено калкулирање со веќе изречени казни за други дела во првостепена постапка, затоа што тоа значи прејудицирање на конечната и правосилна судска пресуда за тие дела.

Миле Ристески