Ковачевски: Безбедноста и стабилноста на западниот Балкан зависат од брзата интеграција во ЕУ
Војната во Украина има глобални последици, терористичките и кибернападите немаат граници, земјата ќе стане членка – Столтенберг од Самитот на НАТО во Вилнус. Евроинтеграцијата на западен Балкан-важна за стабилноста и безбедноста-рече Ковачевски...

Безбедносните закани како војната во Украина се глобален проблем за целиот свет. НАТО повика на заедништво и соработка со партнерите за зачувување на меѓународниот ред. Безбедноста и стабилноста на западниот Балкан зависат до брзата интеграција во ЕУ, истакнал шефот на македонската делегација премиерот Ковачевски на самитот на НАТО во Вилнус.
„Го реафирмираме ставот за важноста за европските и евро-атлантските интеграции за мирот, безбедноста, стабилноста и просперитетот на овој Самит многу важен и за НАТО, меѓутоа и за Европската унија“, изјави Димитар Ковачевски-претседател на Владата.
Сојузниците со подетална поддршка на првиот состанок на советот НАТО-Украина. Направени се и првите чекори кон пристапување на Украина во НАТО со поедноставна постапка.
„Сојузниците се согласија на триделен пакет за придвижување на Украина поблиску до НАТО. Со воспоставувањето на советот НАТО-Украина значи дека Украина ќе стане членка на НАТО кога ќе ги исполни барањата од акциониот план за членство. Програмата на НАТО за асистенција ќе помогне за транзиција од советската ера во опрема според НАТО-стандардите. Сојузниците ќе упатат покана за членство кога ќе оценат дека се исполнети условите“, изјави Јенс Столтенберг-генерален секретар на НАТО.
„НАТО донесе одлука за Украина дека не е потребен акционен план за членство. Ова ќе придонесе за побрз прием во алијансата. Максимално ќе работиме да ги постигнеме критериумите за членство во НАТО“, изјави Володимир Зеленски-претседател на Украина.
НАТО со партнерските држави Австралија, Нов Зеланд, Јапонија и Република Кореја договорија планови за соработка во одбраната.
Ирина Гелевска
