Ниски откупни цени на бостанот во струмичко
Земјоделците од подбеласичкиот регион во струмичко реагираат на ниските откупни цени на годинашното производство со бостан. Тврдат дека нема трговци, а производството го даваат за џабе, иако репроматеријалите годинава драстично поскапеа…
За локалните трговци скапо, за подбеласичките земјоделци евтино. Ваква е сликата на пазарот на бостан во струмичко Колешино, каде производителите реагираат на ниски откупни цени и немање трговци. Според нив, и покрај лошите временски услови, успеале да произведат, но нема каде да го пласираат и продадат бостанот.
Градинарите од подбеласичкиот регион се гневни што репроматеријалите драстично поскапеа, а цената на бостанот во континуитет опаѓа.
Своевремено подбеласичкиот регион беше голем производител на бостан. Но, заради ниските откупни цени и немање млади земјоделци, површините последниве години се преполовени.
Ване Трајков
