1:0 за Индијана!
Мотивирани да се реваншираат за ланскиот пораз во седмиот натпревар, кошаркарите на Индијана со победа ја стартуваа финалната серија од источната конференција против шампионот Мајами. „Пејсерс“ славеа со 107:96 затоа што имаа поголем број расположени кошаркари. Клучен беше првиот период во којшто домашната екипа постигна дури 30 поени. По него Индијана само ја градеше предноста којашто „Хит“ не можеа ја стигат иако ја добија последната четвртина.

Во победничката екипа одлично функционираше триото Пол Џорџ со 24 поени и 7 асистенции и Рој Хиберт и Дејвид Вест кои постигнаа по19 коша.
По подолго време Двејн Вејд одигра натпревар на високо ниво со 27 поени и 4 додавања за кош. Леброн Џејмс реализираше 25 поени и 10 скока, но потфрли Крис Бош со само девет коша.
Со оглед на тоа што имаше најдобар ефект на „истокот“ во основниот дел од сезоната, Индијана ја има предноста на домашниот паркет, па и во вториот натпревар на 21 мај ќе игра пред својата публика.
Ноќва што претстои ќе почне и финалето во западната конференција меѓу Сан Антонио и Оклахома.