Северна Кореја истрела ракета со долг дострел од источниот брег
Северна Кореја истрела ракета со долг дострел од нејзиниот источен брег пред состанокот меѓу јужнокорејските и јапонските лидери во Вилнус, акциите на Северна Кореја следат по обвинувањата дека американски шпионски авиони го нарушиле воздушниот простор на Пјонгјанг а воедно и по осудата за пристигнувањето на американска подморница со крстосувачки ракети на нуклеарен погон во Јужна Кореја...

Северна Кореја истрела ракета со долг дострел од нејзиниот источен брег, што претставува дванаесетто лансирање на Пјонгјанг годинава, пред состанокот меѓу јужнокорејските и јапонските лидери во Вилнус. Јапонскиот премиер со критики за најновите акции на Корејскиот полуостров и вети дека ќе соработува тесно со Соединетите Држави и Јужна Кореја во одговорот на ситуацијата.
„Северна Кореја постојано истрелува проектили од почетокот на оваа година. Акциите на Северот не можат да се оправдаат бидејќи тие го загрозуваат мирот и безбедноста на Јапонија, регионот и меѓународната заедница. Јапонија ќе продолжи со собирање разузнавачки информации и надзор и ќе даде се од себе за да обезбеди мир и безбедност во партнерство со САД и Јужна Кореја“, изјави Фумио Кишида-премиер на Јапонија.
Јапонската крајбрежна стража соопшти дека балистичка ракета паднала во морето надвор од јапонската економска зона, на околу 550 километри источно од Корејскиот полуостров … Глобалната закана од акциите на Пјонгјанг тема и на средбата на Генералниот секретар на НАТО, Столтенберг и јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол како и со останатите лидери на индо-пацифичките земји.
„Ние сме многу загрижени за нуклеарната и ракетната програма на Северна Кореја. Ова влијае на сите сојузници на НАТО и само ја нагласува важноста на сите оние кои веруваат во поредокот заснован на правила да застанат заедно“, изјави Јенс Столтенберг-генерален секретар на НАТО.
Лансирањето следи по реакциите на Северна Кореја дека американски шпионски авиони неодамна го нарушиле нејзиниот воздушен простор, како и осудите за посетата на Јужна Кореја од страна на американска подморница со крстосувачки ракети на нуклеарен погон.
Маријана Димовска
