Почина познатиот чешки писател Милан Кундера
Делото со кое се прослави во 1984 година е романот „Неподносливата леснотија на постоењето“, каде ја раскажува приказната за љубовната врска помеѓу неколку луѓе, во чија позадина е приказната за Прашката пролет. Ќе остане запаметен и по делата „Шега“, „Книга на смеата и заборавањето“, „Уметноста на пишувањето“ и „Бесмртност“.

На 94-годишна возраст, по долго боледување, денеска во Париз почина познатиот чешки писател Милан Кундера.
Во својата богата кариера беше наградуван со бројни награди. Кундера беше познат по тоа што ја напушти родната земја и се пресели во Франција во 1975 година откако се најде на мета на Комунистичката партија во Чехословачка поради „анти-комунистички активности“. Тој помина 40 години живеејќи во егзил во Париз откако властите го одзедоа неговото чешко државјанство во 1979 година. Таму тој ги напиша најславните дела, а потоа го напушти својот мајчин јазик и започна да пишува на француски.
Делото со кое се прослави во 1984 година е романот „Неподносливата леснотија на постоењето“, каде ја раскажува приказната за љубовната врска помеѓу неколку луѓе, во чија позадина е приказната за Прашката пролет. Ќе остане запаметен и по делата „Шега“, „Книга на смеата и заборавањето“, „Уметноста на пишувањето“ и „Бесмртност“.
Познатиот писател никогаш не се врати во својата татковина, ниту по независноста на Чешка. Неговите последни дела, напишани на француски јазик, сѐ уште не се преведени на чешки.
Сепак, по 40 години откако му беше одземено државјанството, во 2019-та година чешкиот амбасадор во Франција, Петр Дулак, на Кундера му подари потврда за државјанство во неговиот дом во Париз.
Фото: Википедија
