Кенија
Судири меѓу полицијата и демонстрантите во Кенија
12.07.2023 21:33
Полицијата во главниот град Најроби, фрлила солзавец кон некои демонстранти кои запалиле гуми и фрлале со камења кон полицијата...

Едно лице загина во последниот од серијата протести во Кенија поради зголемените трошоци за живот. Полицијата во главниот град Најроби, фрлила солзавец кон некои демонстранти кои запалиле гуми и фрлале со камења кон полицијата.
Опозицискиот лидер Одинга, кој ги загуби минатогодишните избори од претседателот Руто, повторно ги повика Кенијците на протести додека земјата се бори со долговите и растечките цени.
