Сончево и многу топло време
Денеска ќе биде топло во целата земја, а утре само во јужните делови кога наместа температурата ќе надмине 40 степени и ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури...

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се движи во интервал од 14 до 22 степени, а максималната од 30 до 42 степени.
Денеска ќе биде топло во целата земја, а утре само во јужните делови кога наместа температурата ќе надмине 40 степени и ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури. Сите региони во земјава влегуваат во портокалова фаза, а Владата воведе мерки за заштита од високите температури.
Во Скопје времето ќе биде сончево и многу топло со слаб ветер од јужен правец.
