Формула 1

Нов пристап за побрзи трки

19.05.2014 12:55

Пневматиците играат значајна улога. Минатата сезона на снабдувачот со пневматици во Ф1 спортот му беше наложено да подготви компоненти што ќе понудат поголеми брзини и повеќе можности за претекнување...

Незадоволни фанови, јавни критики од директните актери, брзина помала од болидите во ГП 2 серијата. Одново Пирели е лоциран за главен виновник што формула 1 спортот стагнира од аспект на брзината, атрактивноста и интерес на гледачите. Пневматиците играат значајна улога. Минатата сезона на снабдувачот со пневматици во Ф1 спортот му беше наложено да подготви компоненти што ќе понудат поголеми брзини и повеќе можности за претекнување.

Но, Пирели минатата сезона се соочи со серија инциденти и пукање на пневматиците па веднаш реагираа поради нарушеното реноме и се вратија кон поконзервативниот пристап, што значи посигурни, но и побавни пневматици.

5-те трки во новата сезона минаа речиси без инциденти кога станува збор за гумите, но статистичарите забележале дека за разлика од 253-те претекнувања во првите 5 трки минатата сезона досега во тековната се забележани само 156. Од Пирели се свесни за актуелната ситуација, но ги отфрлаат критиките со образложение дека тимовите уште не се подготвени за поагресивни стратегии.

Според директорот на Пирели, Пол Хамбери тимовите и возачите полека ги сваќаат новите болиди, го намалуваат пролизгувањето и го решаваат проблемот со прегревање, па набрзо може да се очекува да го напуштат конзервативниот пристап со избор  на пневматици што ќе овозможи и многу повеќе акција за време на трките.