Судиите денеска гласаат за избор на два нови члена
Се гласа за избор на два члена на Судски совет. 236 судии ќе гласаат за избор на двајца нови членови...

Се гласа за избор на два члена на Судски совет. 236 судии ќе гласаат за избор на двајца нови членови. 16 судии ќе гласаат во изборната единица во Врховниот суд, а 220 судии на 12 избирачки места од апелационото подрачје на Скопје и Управните судови.
Единствен кандидат за член на Судскиот совет од Врховниот суд е судијата Наќе Георгиев, додека на листата за член од скопското Апелационо подрачје има двајца кандидати: Антоанета Димовска, судија од Граѓанскиот суд во Скопје и Лазар Нанев судија од Основниот суд во Кавадарци. Судиите можат да го остварат своето избирачко право, почнувајќи од 8 часот, па се до 15 часот.
По затворањето на гласачките кутии, се пребројуваат гласовите и целиот изборен материјал ќе се носи во Судскиот совет, каде Комисијата за избори сукцесивно ќе ги објавува прелиминарните резултати. Кандидатите имаат право на два приговори: За начинот на гласање и за објавените резултати, а по истекот на законските рокови, резултатите стануваат конечни.
