Исланд

Вулкан продолжува да исфрла лава и гасови во Исланд

13.07.2023 09:30

Ерупцијата почна во ненаселена долина во близина на главниот град Рејкјавик...

Лава и гасови излегуваат од вулкан во Исланд четврти ден по ред. Ерупцијата почна во ненаселена долина во близина на главниот град Рејкјавик.

Вулканот Фаградалсфјал, двапати еруптираше во последните две години без да предизвика штета или прекин на летовите, и покрај тоа што е во близина на аеродром. Властите ги повикаа луѓето да не се движат во областа.