Попоски: Македонија е подготвена уште утре да ги почне претпристапните преговори за членство во ЕУ
Македонија е целосно подготвена, уште утре да ги почне претпристапните преговори, за членство во Европската унија, вели шефот на дипломатијата, Никола Попоски. Името и блокадата од Грција, и натаму се главната пречка. Меѓународната заедница бара компромис. Ова беше истакнато на Меѓународната конференција „Европскиот индентитет и иднината на Балканот“ организирана од амбасадите на Франција и на Австрија во Скопје и Европското движење на Македонија.

„Има две опции. Правилата на клубот се – или ги прифаќате и станувате член или останувате надвор. Ставот на Австрија е дека надминувањето на спорот е можно ако паралелно течат преговорите со Грција за наминување на проблемот со името и почнат преговорите за членство со Унијата“, изјави Јоханес Кирле, поранешен генерален секретар во министерството за надворешни работи во Австрија.
Експертот за регионот Штефан Лене од „Карнеги Европа“ подвлече дека спорот за името го попречува напредокот на земјата во процесот на ЕУ интеграцијата и оти тоа фрустрира.
„Нема напредок во решавањето на спорот за името . Време е да се зафатиме со решавање на проблемот и да се тргне напред. Ако продолжи блокадата Македонија ќе плати висока цена. Нема време за губење од аспект на странските инвестиции. Тие пристигнуваат во земји кои имаат европска перспектива и одат напред“, истакна Штефан Лене.