МВР
Претрес во Прилеп, приведен дилер, пронајдена дрога
13.07.2023 10:48
На 12.07.2023, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Р.Р.(52) од Прилеп...

На 12.07.2023, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Р.Р.(52) од Прилеп. При претрес во неговиот дом и други простории во Прилеп, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дробилки, дигитална вага и други предмети.
Лицето било задржано во полициска станица и по документирање на случајот против лицето ќе следува соодветна пријава.
