Литванија

Зеленски ги поздрави ветувањата за оружје и муниција

13.07.2023 12:07

Зеленски ги поздрави новите ветувања за оружје и муниција за борба против руската инвазија, но е разочаран поради недостигот на јасен пат за неговата земја да се приклучи на НАТО. Кремљ ги осуди плановитена земјите од г-7 да и понудат безбедносни гаранции на Украина...

Украинскиот претседател Зеленски ги поздрави новите ветувања за оружје и муниција за борба против руската инвазија.но, изрази разочарување поради недостигот на јасен пат за неговата земја да се приклучи на НАТО.

„Од наша страна, ние ништо не прекршуваме, ништо не блокираме. Склучивме договори не со Русија, туку со ОН и Турција. И ОН и Турција преговараа со Русија. И овој коридор е потребен и функционира. Уверен сум дека по денешното прифаќање на безбедносните гаранции ќе има прекини на одредени важни хуманитарни проекти од страна на Русија“, изјави Володимир Зеленски – претседател на Украина.

Претседателот на САД Бајден вети дека западните сојузници нема да се колебаат во одбрана на Украина.

„Изминативе години, го доведовме трансатлантското партнерство до нови височини, потврдувајќи ја важноста на односите меѓу Европа и соединетите држави како сидро за глобалната стабилност. Идејата дека САД би можеле да напредуваат без безбедна Европа не е разумна. Да се залагаме за слободата, да застанеме заедно. Тоа, мои пријатели, е лекцијата што ја учиме од историјата. Тоа е лекција што ја гледаме секој ден, и ќе одреди како ќе изгледа Украина“, изјави Џо Бајден – претседател на САД.

Европскиот воен самит и неговата способност да даде поддршка за Украина доби мешани оценки.

„Во голема мера, сè уште мислам дека тоа беше успех, но не беше целосниот успех што ни беше потребен за да можеме да проектираме единство“, изјави Мајкл Ален-поранешен претставник на Советот за национална безбедност.

Кремљ ги осуди плановите на земјите од Г-7 да и понудат безбедносни гаранции на Украина.

„Се разбира, можната употреба на овој тип муниција ја менува ситуацијата и ја принудува Русија да преземе одредени контрамерки“, изјави Дмитриј Песков – портпарол на рускиот претседател Владимир Путин.

На последниот ден од Самитот на НАТО, Алијансата почна нов форум за продлабочување на врските со Украина. Наменет е да служи како постојано тело каде што 31 членка на Алијансата и Украина можат да одржуваат консултации и да повикуваат на состаноци во итни ситуации.

 

Марина Ристова