Судската администрација бара повисоки плати, од 1-ви септември најавуваат генерален штрајк
Судските работници излегоа на едночасовен штрајк пред судовите во Македонија. Револтирани зашто нема да добијат додатоци, зашто Министерството за финансии не дозволува пренамена на средства. Со одлуката засегнати се над 5 илјади вработени...

Судските работници нема да добијат додатоци. Добиле известување дека Министерството за финансии не дозволува пренамена на средства. Синдикатот е незадоволен, излезе на едночасовен протест пред сите судови во Македонија. Не се согласуваат и со покачувањето на платите од 10 проценти, ниту пак, со висината на К-15. Бараат најмалку 30 насто повисока плата. Во детали реферираа колку средства се слеале во буџетот врз основа на тоа што судовите го наплатиле за да покажат дека има средства за 15% за додатоци на плата.
Според нив, реформите во судската власт треба да почнат од судската служба. Тие бараат самостојна судска власт.
Од одлуката засегнати се над 5 илјади вработени. Од 1-ви септември најавија генерален штрајк на судската администрација, ќе блокираат улици и нема да издаваат ниту уверенија за неосудуваност.
Протестите ќе продолжат и по судската ферија, која почнува од 15-ти јули, до исполнување на нивните барања.
Ана Јосифоска Тодоровска
