Утре е крајниот рок за доверување на мандатот за составување на новата Влада
19.05.2014 13:24
Мандатарот има рок од 20 дена, за подготовка на новата владина програма, и составот на кабинетот...

Утре е крајниот рок до кога претседателот Ѓорге Иванов треба да го довери мандатот за составување нова Влада. На последните предвремени парламентарни избори, коалицијата „За подобра Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, освои 61 пратенички мандат.
Мандатарот има рок од 20 дена, за подготовка на новата владина програма, и составот на кабинетот. Изборот треба да се изврши најдоцна до 16-ти јуни.
ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ го формираа парламентарното мнозинство, а мешовитата комисија ги разгледува можностите за распределба на ресорите.
