Град Скопје

Арсовска и Мазнева не дојдоа на вонредната седница на Советот на Град Скопје

13.07.2023 12:40

Од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ изразија незадоволство бидејќи нивните забелешки за комуналниот хаос во градот нема кому да ги адресираат, оти градоначалничката Арсовска и директорката Мазнева, иако поканети не дојдоа на вонредната седница.

Почна и веднаш беше паузирана вонредната седница на Советот на градот Скопје, на која на барање на советниците треба да се дискутира за работата на јавното претпријатие „Комунална хигиена“.

Од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ изразија незадоволство бидејќи нивните забелешки за комуналниот хаос во градот нема кому да ги адресираат, оти градоначалничката Арсовска и директорката Мазнева, иако поканети не дојдоа на вонредната седница.

„Ние овде нема со кого да дебатираме и тоа е крајно несериозно, ве замолив да интервенираме да ги повикаме уште еднаш да дојдат бидејќи нема нешто што е поважно во моментов освен не дај боже да е загрозена нивната здравствена состојба. Тоа би било само единствено оправдување да не се денеска тука, нема ништо поважно од тоа да се денеска тука и да дебатираме, ни се случуваат проблеми, не само нам, им се случуваат проблеми на граѓаните на Скопје. Денеска е ова, утре ќе биде нешто друго“, изјави Марија Андоновска, координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје.