Таговите го олеснуваат движењето на патарините, 27 милиони евра инкасирани за шест месеци од патарини
Високи цени за патарини, низок квалитет на патишта. Возачите незадоволни затоа што плаќаат многу за нерамен терен. Надлежните ако сакаме добар асфалт, мора да се плаќа. За половина година собрани 27 милиони евра....

Дел од возачите со кои поразговаравме незадоволни од состојбата на патиштата во земјава. Велат дека висината на патарината што ја плаќаат несоодветствува на квалитетот на патната инфраструктура.
Ако сакаме реконструкција и изградба на патишта мора да се плаќа и патарина. Оваа година во тој поглед ќе биде историска – вели првиот човек на Државни патишта, Рустеми. Вели во сите делови од државата се гради. За оваа година беа предвидени 29,9 милијарда денари за инвестиции во патната инфраструктура за 20-тина проекти, од кои во првата половина се реализирани 14 милијарди денари.
Еден од начините за модернизација на патарините со цел побрзо движење на возилата е воведувањето на електронското на плаќање со тагови, кој произлезе од иницијативата Отворен Балкан. Еден таг чини 1.200 денари и се надополнува со најмалку 300 денари. За сега се достапни во канцелариите на Државни патишта и на патарината Петровец, а наскоро ќе ги има на сите наплатни станици, најави Рустеми.
Александра Велинова
