Портокалова фаза

Зголемен бројот на колапси и сообраќајни несреќи како последица на топлото време

13.07.2023 13:33

Зголемен е бројот на колапси и сообраќајни несреќи како последица на топлото време. Речиси 300 пати за 24 часа, ѕвони телефонот во Итната медицинска помош. Во просек имаат стотина интервенции на терен...

Температурата над 40 го вклучи портокаловиот метеоаларм, но треба да го вклучи и алармот кај граѓаните, да избегнуваат излегување надвор во најтоплиот период од денот. Зголемен е бројот на колапси и сообраќајни несреќи како последица на топлото време.

Речиси 300 пати за 24 часа, ѕвони телефонот во Итната медицинска помош. Во просек имаат стотина интервенции на терен. Повеќе течности, препорачуваат лекарите.

Екипи на Црвениот крст на најфреквентните локации во градот делат вода.

Во сила се владините препораки – бремените жени и лицата на возраст над 60 години да се ослободат од работните обврски, а во детските градинки да се избегнуваат физички активности и изнесување на децата надвор.

Владата реши овие мерки да важат до недела.

Наташа Јанчиќ Менковски