Војниците на АРМ им помагаат на жителите на Обреновац

19.05.2014 13:39

Oд АРМ соопшуваат дека Сава полека се повлекува, но зад себе остава многу мочурливи места...

Македонскиот контингет од 15 воени лица и 25 лица од Дирекцијата за заштита и спасување се наоѓаат во Обреновац и им помагаат на загрозените лица од поплавите во овој регион. Припадниците на АРМ досега евакуирале околу 350 лица од овој регион, а денеска ќе бидат ангажирани на испумпување на водата во пониските точки на градот, со цел да не се појават болести и зарази и да не се шират вируси.

Двата агрегати за опслужување со електрична енергија на АРМ се ставени во функција, едниот во полициската станица во Обреновац, а другиот во прифатниот центар.

Сликата на теренот е страшна, а од АРМ соопшуваат дека Сава полека се повлекува, но зад себе остава многу мочурливи места.

Припадниците на АРМ оставруваат  одлична координација и соработка со надлежните органи во Република Србија, а задачите ги извршуваат беспрекорно и  професионално.