Македонија

Претседателот Пендаровски се обрати на отворањето на 13-та извидничка смотра на Сојузот на извидници на Македонија

13.07.2023 14:05

Пендаровси се обрати на присутните дека со особена чест и задоволство да биде покровител на 13-тата извидничка смотра на Сојузот на извидници на Македонија, една од најстарите и најреспектабилни младински организации кај нас.

Претседателот Стево Пендаровски денеска го посети кампот на Сојузот на извидници на Македонија и се обрати на отворањето на 13. извидничка смотра, што под негово покровителство годинава се одржува во Крушево.

Пендаровси се обрати на присутните дека со е особена чест и задоволство да биде покровител на 13-тата извидничка смотра на Сојузот на извидници на Македонија, една од најстарите и најреспектабилни младински организации кај нас. Имајќи предвид дека Сојузот годинава прославува голем јубилеј – 70 години постоење, и јавно испрати честитки и ја изрази неговата поддршка за нивните активности.

Додаде, користејќи ги извидничките знаења, вештини и искуства, вие промовирате активизам и здрав живот кај младите. Вашите програми помагаат за интелектуален, психички, социјален и емотивен развој кај луѓето на млада возраст. Како една од невладините организации со бројно членство, вие придонесувате за квалитетно неформално образование, активно граѓанство и севкупен развој на заедницата. Како дел од светската скаутска мрежа на околу 150 национални движења, посакувам и понатаму да ја остварувате својата мисија и достојно да ја претставувате нашата држава на меѓународните настани.

Токму и оваа 13-та смотра, освен настан од особено значење за Сојузот на извидници на Македонија, е значаен настан и во календарот на светската скаутска организација, за што сведочи и бројот на извидници, гости кои ни доаѓаат од различни страни на светот. На крајот, дозволете да им честитам на сите учесници кои се дел од оваа смотра и од програмите на македонските извидници. Ви посакувам да имате дружења кои ќе ви останат во вашите сеќавања. Учење нови вештини и знаења, но, стекнувајте и градете и нови пријателства.

Имајќи предвид дека кампот е подготвен, и сите нестрпливо очекуваат смотрата да започне, би сакал и формално, да ја прогласам 13-тата извидничка смотра за отворена, рече претседателот Пендаровски, стои во соопштението од Кабинетот.