Евроинтеграции

Шаленберг, Липавски и Влаховски: Одлагањето на уставните измени значи одлагање на патот кон ЕУ

13.07.2023 14:14

Во работна посета на Скопје министрите за надворешни работи на Австрија, на Чешка, и на Словачка, ополномоштени од високиот претставник за надворешни работи Жосеп Борел за да ги пренесат официјалните ставови на ЕУ. Одлагањето на уставните измени значи одлагање на патот кон Европската унија. Скопје трчаше тежок маратон, штета е да се сопне на последната пречка, велат Шаленберг, Липавски и Влаховски…

Одлагањето на уставните измени значи одлагање на патот кон Европската унија. Ова е пораката на шефовите на австриската, чешката и словенечката дипломатија, кои овластени од високиот претставник за надворешна политика на Унијата, Жозеп Борел, допатуваа во Скопје за да ги пренесат официјалните ставови на Брисел за македонската евроинтеграција.

Додаваат дека ако земјата не ги прифати уставните измени се соочува со опасност да биде изолирана. Велат, Скопје трчаше тежок маратон, штета е да се сопне на последната пречка.

Има две опции, или ги прекинуваме преговорите засекогаш и јасно велиме дека не сакаме во Европската унија или завршување на уставните измени што побргу, тврди шефот на македонската дипломатија Османи.

Според Османи, во Македонија владеела голема пропаганда во врска со уставните измени и европскиот пат, а македонската опозиција, како што вели, ја користела фрустрацијата на граѓаните за да ја претворат во политички поени за сопствена корист.

Марија Котовска