САД

Кинески хакери упаднале во системите на поголем број американски владини агенции

13.07.2023 14:25

Хакери лоцирани во Кина пристапиле до електронската пошта на 25 организации, вклучувајќи ги и владините агенции на САД и Западна Европа, објави „Мајкрософт“...

Хакери лоцирани во Кина пристапиле до електронската пошта на 25 организации, вклучувајќи ги и владините агенции на САД и Западна Европа, објави „Мајкрософт“. Стејт департментот потврди дека нивниот електронски безбедносен систем бил пробиен.

„Инцидентот останува под истрага, а ние континуирано ги следиме нашите мрежи и ги ажурираме нашите безбедносни процедури“, изјави Метју Милер, портпарол на Стејт департментот.

Од Кинеската амбасада во Лондон велат дека САД шири дезинформации, а американската влада е најголемата светска хакерска империја.