Дијаметрално спротивни ставови за уставните измени
Владата наместо да ги решава проблемите, станува пречка самата за себе, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој инсистира на предвремени избори. Се надева дека власта, ќе се свести да свика состанок и да утврди датум за избори. Мицкоски има право да се самоизолира, но нема право да ја изолира државата, велат социјалдемократите. Македонија нема време за губење…

Владата наместо да ги решава проблемите, станува пречка самата за себе, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој инсистира на предвремени избори. Вели-се надевам дека луѓето од владата ќе се свестат да закажеме состанок и да утврдиме датум за избори.
Уставните измени за него се затворена тема, а рибарски приказни, како што вели, се тврдењата на власта дека пратеници од неговата партија ќе ги поддржеле измените во највисокиот државен акт.
Социјалдемократите реплицираат. Мицкоски има право да се самоизолира, но нема право да ја изолира државата. Македонија нема време за губење, граѓаните немаат нови години за губење. Собраниската процедури и дискусијата за уставните измени коишто се неопходни за продолжување на европскиот пат мора да започне.
Додека двете најголеми партии се на дијаметрално спротивни страни во политиката за и контра уставните измени, премиерот Ковачевски порача дека тие во Собранието ќе влезат до крајот на овој месец.
Миле Ристески
