Македонската помош испратена за Србија

19.05.2014 13:53

Испратени се 100 тони хуманитарна помош што ја донираа македонските граѓани за настраданото население од поплавите во Србија и Босна и Херцеговина...

Помош за настраданите во поплавите стигнува од целиот свет.  Македонските граѓани ја покажаа хуманоста на дело. Масовно се донираше во сите градови од земјава. Конвојот на Црвениот крст, денеска напладне тргна за Србија.

Испратени се 100 тони хуманитарна помош што ја донираа македонските граѓани за настраданото население од поплавите во Србија и Босна и Херцеговина.

Хуманитарната помош испратена денеска со пет камиони е наменета за Србија, а утре од магацинот во Момин поток ќе тргне и помошта за настраданото население во Босна и Херцеговина. Во четврток или петок се планира испраќање на уште два камиона хуманитарна помош за БиХ,  дополнителна помош ќе биде испратена и за Србија.

Од Црвен крст велат дека  акцијата за собирање хуманитарна помош ќе продолжи и во наредните денови, но со намалено темпо и потесен круг на намирници и производи.

Според проценките на тамошните организации на Црвениот крст, најмногу е потребна вода, конзервирана храна, средства за хигиена. 

Вредноста на денешната хуманитарна пратка е околу 45 илјади евра.

На телефонските линии за донација на Црвениот крст преку трите мобилни оператори 075/070/077 143-400, заклучно со 12 часот денеска, се собрани над 118.000 евра.