Баерн подготвен да го чека Кејн до идното лето
13.07.2023 14:56
Баерн е силно заинтересиран за услугите на Кејн, а желба да го засили германскиот првак има и англискиот фудбалер, но рампата за трансфер во моментов е спуштена од раководството на Тотенхем.

Германскиот весник „Билд“ објави дека Баерн Минхен, но и англискиот репрезентативец Хари Кејн, се подготвени да чекаат до идното лето за да се реализира трансферот на напаѓачот на Тотенхем во баварскиот гигант.
Баерн е силно заинтересиран за услугите на Кејн, а желба да го засили германскиот првак има и англискиот фудбалер, но рампата за трансфер во моментов е спуштена од раководството на Тотенхем.
Лондонскиот премиерлигаш претходно ги одби двете понуди на Баерн, од 82 и 94 милиони фунти.