Вонредна седница на град Скопје за работата на ЈП „Комунална хигиена“
Меѓусебни обвинувања и кавги за тоа кој е виновен за комуналниот хаос во главниот град. Независната советничка витина тврди дека зад блокадите и протестите во јавното претпријатие стои ВМРО-ДПМНЕ, за што објави и фотографија. Со неа се согласи и заменикот на Арсовска. Другите советници бараат од градоначалничката да ги прифати нивните забелешки и што поскоро да се надмине состојбата во јавното претпријатие. Велат, револтирани се од односот на Арсовска, која не присуствуваше на денешната вонредна седница...

Наместо како да се реши проблемот во „Комунална хигиена“, советниците со меѓусебни обвинувања, кавги и навреди, за тоа кој е крив за комуналниот хаос во главниот град. Советничката витина го впери прстот во ВМРО-ДПМНЕ. Тврди дека опозициската партија стои зад блокадите и протестите, а тоа го потврди објавувајќи фотографија на градоначалникот на Бутел во друштво со синдикалниот лидер Делија Дарлишта, кој доби отказ од „Комунална хигиена“. На иста линија со витина и заменик-градоначалникот Александар Трајановски.
Советниците од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ поднесоа неколку предлози до градот Скопје како да се надмине состојбата во метрополата, но изразија револт бидејќи немаше кој да ги слушне оти градоначалничката Арсовска и директорката на „Комунална хигиена“, Мазнева не присуствуваа на седницата.
На вонредната седница советниците со препорака до градоначалничката како да се надмине состојбата во „Комунална хигиена“. Бараат јавното претпријатие редовно да ги чисти сообраќајниците, да изврши дезинсекција и дезинфекција на контејнерите, да се набави нова механизација за чистење на улиците и да се проверат договорите за работа на вработените, за кои има сомнеж дека не се појавуваат на работните места.
Викторија Милевска
