Крушево

Во Крушево отворена македонската извидничка смотра со преку 800 извидници од светот

13.07.2023 18:26

Во Крушево наредните 10 дена ќе се одржува 13-та македонска извидничка смотра со преку 800 извидници од земјава и светот. Извидниците промовираат активизам и здрав живот-порака од претседателот Стево Пендаровски, отворајќи ја меѓународната манифестација …

Преку 800 извидници од земјава и уште 16 земји од светот во Крушево ќе ги покажат вештините и преку бројни активности се дел од 13-те смотри на Сојузот на извидниците на Македонија. Извидниците возбудени пред предизвиците зашто тоа е училиште на животните вештини

„Од Франција доаѓам. Извидник сум зашто е многу забавно, имам многу познанства и можам да споделам многу со сите од цел свет. Првпат сум во Крушево и Македонија и прекрасно е“, изјави извидник од Франција.

„Од Словачка сум. Извидник сум зашто ги сакам природата, авантурата, откривањето, истражувањето. Вторпат сум во Македонија“, вели извидник од Саловачка.

Покровителот, претседателот Пендаровски нагласи дека извидниците промовираат активизам и здрав живот кај младите.

Крушево има што да им понуди на извидниците речиси од цел свет, а и на бројните туристи, а според Агенцијата за правата на заедниците, извидништвото е пример за сплотеност на различностите.

13-тата извидничка смотра ќе трае 10 дена.

 

Елизабета Митреска