Судски совет

Прелиминарни резултати за двајца нови членови на Судски совет

13.07.2023 20:23

Наке Георгиев, според прелиминарните резултати, како единствен кандидат од редовите на Врховен суд, добил само шест гласа од вкупно 16 судии, додека Антоанета Димовска има двојно повеќе гласови од претседателот на Основниот суд во Кавадарци, Лазар Нанев...

Судијата од Врховниот суд, Наке Георгиев и судијката од Граѓанскиот суд, Антоанета Димовска освоија најмногу гласови на непосредните избори за нови членови во Судскиот совет. Георгиев, според прелиминарните резултати, како единствен кандидат од редовите на Врховен суд, добил само шест гласа од вкупно 16 судии.

Димовска има двојно повеќе гласови од претседателот на Основниот суд во Кавадарци, Лазар Нанев. Течат роковите за приговори.

Утре ќе бидат соопштени конечните резултати. Изборите следуваат откако врховната судијка Мирјана Радевска-Стефкова и Зоран Герасимовски од скопска Апелација поднесоа оставки.