СУДАН
Најмалку 87 лица пронајдени во масовна гробница во Судан
13.07.2023 20:38
Според Обединетите нации постојат докази дека суданските сили за брза поддршка се одговорни за смртта на луѓето...

Најмалку 87 тела се пронајдени во масовна гробница во суданската држава Западен Дарфур. Според Обединетите нации постојат докази дека суданските сили за брза поддршка се одговорни за смртта на луѓето.
Од Комесаријатот за човекови права повикаа на брза, темелна и независна истрага.
