Нема настрадани Македонци во поплавите во БиХ
Најмалку 27 лица го загубија животот во поплавите во БиХ. Само во Добој, спасувачките екипи пронајдоа 20-тина тела...

Десега немаме никакви информации дека некој Мкаедонец настрадал во поплавите во БиХ. Има една наша Македонка во близина на Бања Лука, но не можеме да воспоставиме контакт со неа поради тоа што телефонските линии се во прекин, а нема ни струја. Сигурно била поплавена, но што почно се случило ќе дознаеме наскоро. Од останатие, има санација на поплавените места каде што се наоѓаат Македонците во БиХ, тие им помагаат на своите пријатели, а младите волонтираат, објаснува за МРТ претседателот на Македонската заедница во БиХ.
Најмалку 27 лица го загубија животот во поплавите во БиХ. Само во Добој, спасувачките екипи пронајдоа 20-тина тела. Во градот, нивото на водата достигна четири метри. Водостојот на реките веќе не се зголемува, но повлекувањето на водата почна да ги открива штетите.
Од хеликоптер се гледа целиот пустош, што го оставија поплавите. Ангажирани се голем број доброволци, а се ангажираат и нови.
