Маричиќ за „Гласот на Америка“: Предвремени избори само ако опозицијата се согласи да гласа за уставните измени
Не е време за предвремени избори, време е за носење одлуки, вели Маричиќ кој е во посета на САД. Сигурен е дека има доволно време до ноември, да се убеди целата пратеничка група или дел од пратеничката група на опозицијата да гласа за уставните измени...
Предвремени избори може да има само ако опозицијата се согласи да гласа за уставните измени и потоа да распишеме предвремени избори. Само тоа е опција што како Влада би прифатиле, порачува вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ во интервју за „Гласот на Америка“.
Не е време за предвремени избори, време е за носење одлуки, вели Маричиќ кој е во посета на САД.
За ставот на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да се помести од своите позиции, дали постои план Б и дали е во Вашингтон за да побара поддршка од стратешкиот сојузник – САД, тој вели дека поддршката ја имаме од сојузниците, но не за никаков план Б.
Поддршка од сите доаѓа, но само за планот А. Тоа е единствениот план што го имаме, а тоа е завршување на уставните измени, продолжување на преговорите со ЕУ, и членство на Северна Македонија до 2030-та. Секоја партија, секој политичар, којшто ќе се спротивстави на ова, ќе носи историска одговорност, за евентуален негов неуспех, вели вицепремиерот Маричиќ.
Јас сум сигурен дека имаме доволно време до ноември, да ја убедиме целата пратеничка група или дел од пратеничката група на опозицијата да гласа за овој предлог, затоа што премногу е голем влогот да ја изгубиме оваа шанса, нагласува Маричиќ во интервјуто.
